Дома Останати Кошарка НБА Видео: Хјустон не запира, Сан Антонио го преслуша Кливленд

Видео: Хјустон не запира, Сан Антонио го преслуша Кливленд

Хјустон продолжува да доминира во регуларната сезона на НБА лигата и синоќа ја запиша 12-та последователна победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Рокетс“ ја забележа 12-тата по ред и вкупно 46-та победа за сезоната по успехот од 119:114 над Денвер.
Во „Пепси центарот“, Џејмс Харден беше најуспешен со 41 поен, а Крис Пол додаде 23 поени за успехот на тимот до Тексас.

Кливленд не успеа да го избегне поразот од Сан Антонио иако го имаше брилјантниот Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 33 поени и 13 скока. Дури седум играчи од гостинскиот тим запишаа двоцифрен учинок, што беше клучно за нова победа на Спарси од 94:110.

Резултати:
Шарлот – Детроит 114: 98
Милвоки – Њу Орлеанс 121: 123
Кливленд – Сан Антонио 94: 110
Вашингтон – Филаделфија 109: 94
Денвер – Хјустон 114: 119

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…