Дома Останати Кошарка НБА Видео: Хјустон не запира, нов трипл-дабл на Вестбрук

Видео: Хјустон не запира, нов трипл-дабл на Вестбрук

На синоќешните натпревари во НБА лигата најголемо внимание привлече победата на Хјустон над Сан Антонио, како и новиот трипл-дабл на Вестбрук во победата над Сакраменто.

Продолжи доминацијата на екипата на Хјустон Рокетс, која синоќа без многу проблеми го победи Сан Антонио со резултат 109-93.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Харден беше најдобар поединец во тимот на Хјустон, со 28 поени, 6 скока и 6 асистенции, а притоа ги погоди сите 14 слободни фрлања. Крис Пол беше исклучително ефикасен од поле и погоди 8 од 11 шута, за на крајот да заврши со 18 поени и 9 асистенции.

Расел Вестбрук запиша нов „трипл-дабл“ во победата над Сакраменто Кингс (106-101). Тој постигна 17 поени, 10 скока и 11 асистенции и го доби дуелот со одличниот Богдан Богдановиќ, кој ја заврши вечерта со 18 поени и 8 скока.

Резултати:
Мемфис – Милвоки 103:121
Оклахома – Сакраменто 106:101
Портланд – Мајами Хит 115:99
Хјустон – Сан Антонио 109-93

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…