Дома Фудбал ВИДЕО Хаос на Маракана. Хорор сцени пред мечот, Аргентина го победи Бразил

ВИДЕО Хаос на Маракана. Хорор сцени пред мечот, Аргентина го победи Бразил

Со голот на Николас Отаменди, фудбалерите на Аргентина го совладаа Бразил на гостувањето во Рио де Жанеиро, во натпреварот од 6. коло од јужноамериканските квалификации за СП 2026.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Половина час доцнеше стартот на натпреварот поради конфликт помеѓу навивачите и полицијата на трибините на стадионот Маракана.

Додека ситуацијата на трибините не беше ставена под контрола, аргентинската репрезентација се повлече во соблекувалната.

Актуелните светски шампиони покажаа повеќе, а единствениот гол беше постигнат во 63. минута. Џовани Ло Селсо уфрли од корнер, а Николас Отаменди беше највисок во скокот и со силен удар со глава погоди во горниот десен агол, покрај немоќниот бразилски голман Алисон Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн ја одреди цената за Олисе. Реал Мадрид е на потег

Реал Мадрид изгледа дека има интерес за ѕвездата на Баерн, Мајкл Олисе. Претседателот на &…