Во попладневните натпревари од 25-то коло во Бундес лигата најинтересно беше во Волфсбург каде домаќините беа поразени од Баер Леверкузен со 1:2.
Леверкузен продолжи со добрите игри и се приклучи во трката за второто место, откако денес освои три бода против Волфсбург. Николас Аларио и Јулијан Брандт се погрижија да обезбедат три бода за „фармацевите“, а домаќините само го ублажија поразот преку Мехмеди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шалке дојде до триумф против Херта од 1-0 со голот на хрватскиот репрезентативец Марко Пјаца во 37-та минута,и направи скок на табелата.
Во дуелот од дното на табелата, Хамбургер и Мајнц ги поделија бодовите. Хофенхајм славеше со 2-0 на гости кај Аугсбург, додека Франкфурт со 1:0 го победи Хановер.