Дома Фудбал Видео: Тотенхем незапирлив, Јунајтед едвај до бод

Видео: Тотенхем незапирлив, Јунајтед едвај до бод

Тотенхем под водство на Мурињо ја запиша 4-та победа во петиот меч и се искачи на шестата позиција на табелата, тимот на Солскјер едвај до бод.

„Карамелите“ први поведоа со автоголот на Виктор Линделеф. На голот му претходеше контроверзна ситуација откако Јери Мина со лакт го удри голманот Де Геа кој ја промаши топката, а таа удри во ногата на Линделеф и заврши во мрежата.

Во второто полувреме „црвените ѓаволи“ тргнаа на се или ништо, а до израмнување стигнаа при самиот финиш со голот на Мејсон Гринвуд.

Тотенхем запиша важна победа на гостувањето кај Вулверхемптон. „Спарси“ поведоа со голот на Лукас во 8-та минута, а „волците“ израмнија со голот Траоре. Сепак, Вертонген во самиот финиш му донесе победа на тимот на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри бара одговор од Наполи: Рома доаѓа во налет, но ова не е последната битка

Наполи го пречекува непоразениот тим на Гасперини по поразот од Венеција. Алегри бара подо…