Дома Фудбал Англија Видео: Тотенхем го „почести“ Ливерпул во последната минута

Видео: Тотенхем го „почести“ Ливерпул во последната минута

Ливерпул во последната минута стигна до победа во дербито против Тотенхем и големи три бода во траката за титулата.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и во 16-та минута дојдоа во водство со голот на Фирмињо после одличната асистенција на Робертсон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првото полувреме имаше уште шанси, но немаше повеќе голови. Сепак, во второто полувреме гледавме „луда“ завршните, особено во последните дваесетина минути.

Најпрво Лукас Моура во 70-та минута постигна гол и го израмни резултатот на 1:1. Тогаш „црвените“ тргнаа во целосна офанзива кон голот на Љорис.

Тоа Тотенхем можеше да го искористи бидејќи имаше неколку одлични шанси преку контранапади.

Сепак, во последната минута среќата му се насмевна на Ливерпул. После една добра акција Алдервајлед ја смести топката во сопствената мрежа за големи три бода на „црвените“.

Ливерпул и после ова коло има два бода повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе, па следува исклучително возбудлива трка за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и …