Како и секогаш дербито помеѓу градските ривали Атлетико и Реал е исполнето со тензии, така и овој пат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се играше 20 минута од средбата кога дојде до турканица и негодување на публиката. Годин го фаулираше Карим Бензема кој падна на тревникот, топката се одби до Кореа, а Аргентинецот шутираше директно во главата на Бензема. Дали беше намерно или не проценете сами, но Кореа сигурно заслужи жолт картон, но сепак помина без таков вид на опомена.
Втората контроверзна ситуација се случи во финишот од полувремето после центаршутот на Марсео, Касемиро упати повратна во петерецот и токму кога Рамос беше подготвен да ја удри топката со глава доби удар директно во лицете од Лукас Ернандез. Главниот судија на натпреварот повторно не се огласи.