Дома Фудбал Италија Видео: „Студен туш“ за Гатузо – Голманот на Беневенто погоди за првиот бод!

Видео: „Студен туш“ за Гатузо – Голманот на Беневенто погоди за првиот бод!

Денес со почеток во терминот од 12:30 часот својот натпревар од 15 коло го одиграа екипите на Беневенто и Милан.

Џенаро Гатузо и Милан одиграа само реми против фенерџијата во Серија А оваа сезона кој во 15 коло го освои првиот бод.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Росонерите“ до водство стигнаа преку Боновентура после во 38 минута од средбата. Тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Во вториот дел после само пет минути игра младиот напаѓач на Беневенто, Џорџ Пушкаш погоди за 1:1.

Беневенто во тие моменти прикажуваше добра игра, но сепак следуваше нов гол во нивната мрежа. Стрелецот на првиот дел Боновентура нафрли во срцетот на шеснаесетникот, а тука се најде Хрватот, Никола Калиниќ кој ја смести топката во голот на домаќините.

Вистински шок за „росонерите“ следуваше во последната минута од натпреварот кога за изедначување и први бодови гол постигна нивниот голман Бригноли.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…