Некогаш беше голем талент на кои му предвидуваа блескава иднина, а денес…
Абделхак Ноури во текот на пријателскиот натпревар кој се одигра во текот на летото помеѓу Ајакс и Вердер Бремен претрпе срцев удар и тоа за време на натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Деталните прегледи ги потврија најстрашните очекувања. На дваесетгодишниот Холанѓанец му беше дијагностицирано тешко оштетување на мозокот.
Пет месеци после трагичниот настап, младиот Холанѓанец и понатаму лежи неподвижен во болничкиот кревет.
„Бесот не помага, исто така и тагувањето. Во овие моменти ми помага само молитвата. Кога сум покрај креветот, разговарам со Бог и му кажувам убави работи и тоа ми помага“, изјави Ноури.
„Со мојот брат сме 24 часа заедно секој ден. Кога ги гледаме снимките од Ноури тоа станува претешко и не издржуваме повеќе од песнаесетина секунди. Некој тука донесе зголемена фотографија на Ноури од натпреварот против Фејенорд, дури и неа ни е тешко да ја гледаме. Сите се молиме за него, вербата во Бог е она што најмногу ни помага“, зборуваше братот на фудбалерот.