Дома Фудбал Репрезентации Видео: СЕ за ждрепките – Барабaнот „полуде“ и ги скрши топчињата, Бразилците собраа најмногу шампиони, шоу во Италија…

Видео: СЕ за ждрепките – Барабaнот „полуде“ и ги скрши топчињата, Бразилците собраа најмногу шампиони, шоу во Италија…

Конгресната палата во Кремљ во Москва денес со почеток од 16 часот ќе биде местото каде што ќе се одржи ждрепката за Светското првенство кое наредното лето ќе се игра во Русија.

Ова ќе биде 21 прво издание на ждрепката во 88 години во историјата на светските првенства. Првата игра на топчињата беше одржана во Монтевидео и тоа три дена пред почетокот на натпреварувањето. До сега на ждрепките можеше да се види се. За среќата на репрезентацијата одлучуваа шест годишни деца, внукот на претседателот Џулс Римет, потоа 11 годишниот Детлеф Ламџ...


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На ждребот за Светското првенство 1982 се расипа барабанот, па ждрепката мораше да биде повторена. Италијаните на целата програма знаеа да и дадат и доза на гламур, а Бразилците на едно место собраа дури осум поранешни светски шампиони.

СП 1930 Уругвај

За првото светско првенство во Уругвај 1930 година немаше квалификации. На турнирот настапија 13 репрезентации, а ждрепката беше одржана кога сите репрезентации пристигнаа во Монтевидео. Ждребот беше одржан на три дена пред почетокот на натпреварувањето., Уругвај, Бразил, Аргентина и САД беа поставени за носители.

СП 1938 Франција

Ждребот беше одржан во познатиот салон „D’Horloge“ во министерството за внатрешни работи во Париз. За среќата на репрезентациите одлучуваше шест годишниот Ивес, внук на претседателот.

СП 1958 Шведска

Тука за прв пат репрезентациите беа поделени по географска положба. Во една група беа сместени репрезентациите од Западна Европа, а во друга од Источна Еврп, во трета британските екипи, а во четврта американските.

СП 1966 Англија

Ждребот за Светското првенство 1966 во Англија за прв пат беше во живо пренесуван на телевизија, а се одржа во Гарден хотелот во Лондон.

СП 1974 СР.Германија

Ждребот за ова Светско првенство го обележа 11 годишниот Детлеф Ланџ. Малиот Детлеф ги шокираше сите кога во иста група ги извлече СР Германија и ДДР.

СП 1982 Шпанија

На СП во Шпанија за прв настапија 24 репрезентации, а ждребот беше одржан во Мадрид во „Palacio De Congresos“. Ждребот го обележија технички проблеми на механичкиот барабан. Неколку репрезентации беа ждребувани во погрешни групи пред барабанот да полуди и да го скрши топчињата со имињата а репрезентациите, па сето тоа мораше да биде повторено.

СП 1990 Италија

Италија за ждребот на сп 1990 ангажираше бројни ѕвезди. Ждребот се одржа во римскиот „Palazzettp dello Sport“. Програмата ја водеше Пипо Баудо, а Италијаните тогаш го ангажираа и тенорот Лучијано Павароти, славната актерка Софија Лорен и фудбалските ѕвезди, Пеле, Карл Хајнц Румениге и Боби Мур.

СП 1998 Франција

На СП во Франција 1998 за прв пат настапија 32 репрезентации, а ждребот беше одржан на стадионот „Велодром“ пред 38.000 гледачи.

СП 2006 Германија

Ждребот за СП 2006 го следеа неверојатни 300 милиони луѓе од 150 земји во светот и Германците направија вистинско шоу. Програмата ја водеше манекенката Хеиди Клум со асистенција на Пеле, Лотар Матеус, Роџер Миле и Јохан Кројфт.

СП 2014 Бразил

Ждребот за последното СП одржан во бразилскиот град Салвадор, а при ждребот асистираа дури осум поранешни светски шампион, Кафу, Фабио Канаваро, Алсидеш, Фернардо Хиеро, Хоф Хурст, Марио Кемпес, Лотар Матеус и Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…