Дома Топ вести ВИДЕО: Седум гола на „Ноу Камп“ и едно исклучање – Бетис ја победи Барселона!

ВИДЕО: Седум гола на „Ноу Камп“ и едно исклучање – Бетис ја победи Барселона!

Денес во рамките од 12-тото коло во шпанското првенство својот натпревар го одиграа Барселона и Бетис.

Барселона пред натпреварот секако важеше за голем фаворит, но Бетис успеа да прирерди вистиснко изненадување и среде „Ноу Камп“ ја победи Барселона со 2:4.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Гостите до предност стигнаа во 20-тата минута преку Жуниор, а 14 минути подоцна ветеранот Хоакин зголеми на 0:2. Со предноста од два гола Бетис замина на полувремето.

Двата гола предност на Бетис беа актуелни се до 67 минута кога Лионел Меси од пенал намали на 1:2, но само четири минути подоцна следуваше нов гол во мрежата на Каталонците. Марк Андре Тер Штеген не реагираше баш најдобро при ударот на Ло Селсо па топката заврши зад неговиот грб.

Надеж на навивачите дека Барселона можеби ќе се врати им даде Артуро Видал кој постигна гол за 2:3. Сепак, само две минути после голот на Видал во 81-та минута Иван Ракитиќ го заработи вториот жолт картон и порано го заврши натпреварот.

Каналес се погрижи за ново водство на Бетис од два гола и погоди за 2:4. Тука не беше крај на возбудвањата во последните минути Меси со својот втор гол ги постави конечните 3:4.






Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…