Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Сари го разбуди ѕверот – еврогол на Игуаин, Челзи „пукна петарда“ во голот на Хадерсфилд!

ВИДЕО: Сари го разбуди ѕверот – еврогол на Игуаин, Челзи „пукна петарда“ во голот на Хадерсфилд!

Челзи во 25-тото коло од Премиер лигата на „Стенфорд Бриџ“ го разби Хадерсфилд со убедливи 5:0.

После бламажата и поразот од Бурнемот во минатото коло (4:0), денес тимот на Маурицио Сари одигра фантастичен натпревар и го декласираше својот ривал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До водство Челзи стигна во 16-тата минута. Н’Голо Канте го проигра Игуаин кој го постигна првиот погодок во дресот на „сините“.

Кон крајот на првото полувреме домаќините ја зголемија предноста. Досуден беше пенал кој во погодок го претвори Еден Азар.

Во второто полувреме, Челзи лесно ја доврши работата. Прво во 66-тата минута Азар погоди за 2:0, за три минути подоцна Игуаин со еврогол да зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Давид Луиз во 87-та минута.

Во останатите резултати Брајтон и Вотфорд одиграа 0:0, Барнли и Саутемотон 1:1, Кристал Палас со 2:0 беше запиша победа над Фулам, додека Евертон домашен терен претпе пораз од Вулвс со 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…