Вечерва на „Етихад“ се игра големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, кое може да биде одлучувачко за титулата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Граѓаните“ фуриозно го отворија натпреварот, но првата голема шанса ја имаше токму Ливерпул.
Салах го проигра Мане кој излезе сам пред Алисон, но ја погоди стативата. Потоа Стоунс сакаше да расчисти, но го погоди својот голман и за малку ќе постигнеше смешен автогол.
За негова среќа ја стигна топката и ја исфрли буквално од гол линијата.