Дома Фудбал Видео: Руни се појави на суд и ја призна вината – еве каква казна доби!

Видео: Руни се појави на суд и ја призна вината – еве каква казна доби!

Легендата на англсикиот фудбал, Вејн Руни денес се појави пред суд и ја призна вината дека возел во алкохолизирана состојба.

Руни на 1-ви септември беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, а денес се појави на суд и призна: „Виновен сум“.

Судот му ја одзеде дозволата на 24 месеци, а го казни и со една година општествено корисна работа, односно 100 неплатени часа.

„Сакам јавно да се извинам за лошата проценка и тоа што возев пијан. Тоа е навистина погрешно. Веќе му се извинив на моето семејство, на менеџерот, претседателот и сите во Евертон. Сега сакам да им се извинам на фановите и на сите оие кои ме поддржувале во текот на кариерата”, преку соопштение порача Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…