Дома Фудбал Италија (Видео) Рома промашуваше, Икарди казнуваше – Интер славеше во дербито

(Видео) Рома промашуваше, Икарди казнуваше – Интер славеше во дербито

Во дербито на колото во италијанската Серија А видовме скоро се, славеше Интер со 1:3.

Првиот голем натпревар во Италија донесе многу возбудувања, а натпреварот не можеше да почне полошо за тимот на Спалети.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Икарди пропушти фантастична прилика во 12 минута, просто неверојатно е како не успеа да погоди, веројатно ова е промашувањето на кариерата на Аргентинецот. На другата страна следуваше казна, Един Џеко ја затресе мрежата на „нероаѕурите“.

„Волчицата“ можеше се да реши во првиот дел, но прво Коларов, а потоа и Наинголан ја погодуваа стативата.

Вториот дел донесе динамичен фудбал, додека Рома уште еднаш ја погоди стативата овој пат Пероти немаше среќа да се запише во листата на стрелци. Манолас „заспа“ во одбраната на Рома, а тоа не пропушти да го казни Икарди.

Рома повторно создаде шанси преку Ел Шарави и Наинголан, но никако не успеваше да погоди на спротивната страна се промаши Жоао Марио. Сепак, до крајот на натпревар Интер успеа да постигне уште два погодоци преку Икарди и новајлијата Весино во финишот и така да ги казни промашувањата на домаќинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…