Дома Фудбал Останато Видео: Ремек-делото на Роналдо даде повод – ТОП 10 најдобри голови во историјата

Видео: Ремек-делото на Роналдо даде повод – ТОП 10 најдобри голови во историјата

Заборавете на мајсториите од пониските лиги, зборуваме за головите кои влегуваат во трајно сеќавање во фудбалската историја.

Секако вкусовите се различни, но сигурно дека овие десет погодоци се едни од најдобрите во историјата, за мноумина и најдобри.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што споменавме ова се однесува на головите кои сите ги знаеме, голови кои одлучуваа големи работи и на кои ќе се сеќаваат генерации и генерации.

Да започнеме од Руни, најпознатите „ножички“ и веројатно најубавиот гол дербито на Манчестер кое на програмата е овој викенд.

Потоа следи според многумина најдобриот гол во историјата на Лигата на шампионите. Голот кој го постигна Марко Брешан против Барселона.

Голот на Роберто Карлос за Бразил е гол кој ги помести границите и сруши се што знаеме за логиката, сигурно најлудиот слободен удар во историјата.

Слично како и Зидан вчера, покојниот Боби Робсон се држеше за глава во Галиција кога Бразилецот Роналдо го постигна „оној“ гол против Компостеле.

Меси против Гетафе? Поради тој гол се обележува годишница од тој натпревар. Клубот од предградието на Мадрид секогаш е негова омилена жртва, но ова е фасцинантно дури и за стандардите на Меси.

Денес Ибра во свој стил го прокоментира голот на Роналдо, поради она што тој го направи против Англија. Иако се работи за не многу важен погодок оваа листа не можеше да помине без „ножичките“ од огромна далечина.

Тренерот на Роналдо Зидан не сакаше да признае дека неговиот играч постигна подобар гол од неговиот во финалето од Лигата на шампионите во Шкотска, едноставно тој гол на Зидан беше поважен и на Реал му ја донесе титулата шампион на Европа.

Помеѓу најдобрите го сместуваме и вчерашниот гол Роналдо кој сигурно ќе остане запаметен и по тоа што му аплаудираа и навивачите на Јувентус.

И за крај – носталигија. За многу постари љубители на фудбалот веројатно и најдобрите голови на сите времиња.

Едниот го постигна Марко Ван Бастен од позиција која многумина ја прогласија за невозможна прилика.

Последниот на оваа листа е она мексичко попладне кое англичаните го паметат по „Божјата рака“, а ние по тоа што Диего Марадона го направи потоа и она што за постарите генерации сигурно е најубавиот гол на сите времиња.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…