Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Ревија на убави погодоци и „покер“ за Гибралтар – Македонија домаќин во полуфиналето во Лигата на Нации!

ВИДЕО: Ревија на убави погодоци и „покер“ за Гибралтар – Македонија домаќин во полуфиналето во Лигата на Нации!

Вечерва Македонија стигна до убедлива победа против селекцијата на Гибралтар од 4:0 и така го обезбедивме првото место во Лигата на Нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот беше отворен со вистинско ремек-дело на Енис Барди во 27-та минута од натпреварот. Иако имавме уште неколку одлични прилики за зголемување на предноста уште во првите 45 минути сепак на полувремето заминавме со минимална предност.

За втор гол чекавме до 67-та минута кога Илија Несторовски постигна погодок со глава за водство од 2:0. Несторовски беше стрелец и на третиот гол на десет минути пред крајот.

Точка на натпреварот стави Александар Трајковски со одличен гол во судиското продолжение.

Со оваа победа го обезбедивме првото место во групата, а со тоа и домаќинството во полуфиналето, каде што ќе играме против Белоррусија или Косово.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Сити се интересира за ѕвездата на Ливерпул

Манчестер Сити сериозно размислува за голем трансфер на Алексис Мек Алистер, играч од сред…