Дома Видео (Видео) Рамос беснееше на Модриќ кој не знаеше што со себе, Зидан не можеше ништо!

(Видео) Рамос беснееше на Модриќ кој не знаеше што со себе, Зидан не можеше ништо!

Три дена после натпреварот против Депортиво на интернет се појави снимка која го покажува беснеењето на Серхио Рамос кон Лука Модриќ.

Реал славеше против Депортиво со 3:0, но „дамка“ на победата остави црвениот картон на Рамос во финишот од средбата, капитенот на Реал Мадрид, заработи втор жолт картон во судиското продолжение.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот го заработи во целосно хаотична ситуација откако Модриќ намерно ја исфрли топката од игра за да му се укаже помош на Закари Бакали. Иако потегот на Модриќ беше во согласност со фер-плеј правилата тој не му се допадна на Серхио Рамос кој го истури бесот врз Хрватот.

Покрај тоа, Рамос не сакаше да го послуша ниту Зидан кој неколку моменти пред тој да ја додаде топката кон Модриќ довикуваше покрај аут линијата, но Шпанецот не се огласуваше. После натпреварот Рамос се оправудваше својот потег со тоа што истакна дека ниту противничките фудбалери не ја исфрлуваа топката во аут кога на повреда се жалеше Дани Карвахал

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Игуаин го промени спортот. Oсвои турнир и доби награда од 300 долари

Гонзало Игуаин одигра речиси 800 натпревари во својата блескава кариера и постигна вкупно …