Дома Останати (Видео) ПСЖ сигурен, Нејмар не „задоцни“, погодок на дебито!

(Видео) ПСЖ сигурен, Нејмар не „задоцни“, погодок на дебито!

Екипата на ПСЖ покажа сигурна игра и заслужено славеше со 0:3 на гостувањето против Гуигамп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако клубот од Париз доминираше од самиот почеток, создаваше сериозни шанси за погодок, во првиот дел мрежите мируваа. Но, затоа после само седум минути игра во вториот дел Икоко ја затресе сопствената мрежа и донесе предност за „светците“.

Вториот гол беше дело на Едисон Кавани, додека третиот го постигна најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар кој дебитираше во овој натпревар.

Да потсетиме, поради недостигот на документација Нејмар не настапи во првото коло, Бразилецот против Гуигамп прв пат истрча во дресот на ПСЖ во официјален натпревар, а му беа потребни нешто повеќе од 80 минути за да го постигне првенецот до дресот на „светците“ од Париз.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ибрахимовиќ: Начинот на кој Босна загуби е голема лекција на СП за сите

Босна и Херцеговина го заврши настапот на СП. Иако имаа играч повеќе, беа поразени со 2:0 …