Фудбалерите на Севиља нема да ја бранат титулата во Лигата на Европа, бидејќи во натпреварот од последното 6. коло од групата Б на Лигата на шампионите загубија на гостувањето кај Ленс со 1:2 во директен дуел за третото место кое води во Лига Европа.
Европското патување сезонава го завршија на последното место со само два освоени бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Севиља и беше потребна победа во Ленс за да скокне на третото место во групата и да се пресели во Лига Европа, додека на домаќините им беше доволен бод.
Кога Франковски (63-11м) го доведе Ленс во водство од пенал, задачата на Севиља стана многу потешка, но Серхио Рамос (80-11м) израмни на 1:1.
Видеото погледнете го ТУКА
Рамос со паненка го измами голманот на Ленс, а потоа во желба што побрзо да дојде до топката, со копачката го удри Самба по рацете, за што доби жолт картон.
Овој гол беше 17-ти за Рамос во Лигата на шампионите, престигнувајќи го Жерар Пике (16) на листата на најдобри стрелци меѓу дефанзивците во историјата на Лигата на шампионите. На третото место е Роберто Карлос со 15 голови.