Дома Фудбал Видео: Пандев со гол ја затвори сезоната во Серија А!

Видео: Пандев со гол ја затвори сезоната во Серија А!

Џенова во последното коло загуби на домашен терен од Торино со 1:2, а почестниот гол за домаќините го постигна Горан Пандев.

Торино со головите на Јаго Фалке и Базели имаше сигурно водство од 2:0, но во 80-та минута Горан Пандев постигна почесен гол за Џенова.

Сепак, Џенова до крајот не успеа да го избегне поразот, но Македонецот со гол ја затвори сезоната во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…