Вакво нешто на „Камп Ноу“ долго време не се случило.
Фудбалерите на Браселона ремизираа на домашен терен со екипата на Гетае со резултат 0:0 во 23 коло од шпанската Примера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ернесто Валверде настапи со по малку чуден состав, но беше приморан на штоперската позиција да ги состави Јери Мина и Лукас Диње, Фелипе Кутињо овој пат беше стартер, како и Пако Алкасер, додека токму нив двајца на полувремето беа заменети со Иниеста и Осман Дембеле.
Домаќините неочекувано имаа проблеми во првото полувреме, само Меси и Суарез имаа по еден обид, но Гетафе одлично се бранеше и беше опасен од полуконри.
Темпото на натпревар значително се зголеми во вториот дел, Барса започна во поголема офанзива, но тешко доаѓаше до вистински прилика.
Јери Мина имаше опасен удар со глава после прекинот кој го изведе Меси, на истиот начин се обиде и полсе еден корнер но топката заврши покрај стативата. Во 80 минута Меси на два пати се закани со удар од 20 метри, но Гуаита успеа да го зачува својот гол.
Барса по овој кикс останува лидер во првенството, но со седум бодови предност во однос на Атлетико Мадрид.