Пеналите го одлучија победникот на дуелот помеѓу Евертон и Фулам во четврт-финалето на Карабао купот, откако главниот дел од натпреварот заврши 1:1.
Гостите поведоа на Гудисон Парк со автоголот на Мајкл Кин во 41. минута. Бето израмни во 82. минута. На крајот пенал серијата го одлучи победникот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Евертон не успеа да погоди Идрис Гује, додека Тосин Адарабиојо беше прецизен за Фулам и со тоа го одведе својот тим во полуфиналето.
Еден арапски коментатор стана вирален, кој почна да пее кога играчот од средниот ред на Евертон, Амаду Онана го изведуваше пеналот. Онана шутираше лошо, неговиот удар беше фатен во рацете на голманот на Фулам. Погледнете го видеото.
Arabic commentary during Amadou Onana’s penalty shootout miss against Fulham
byu/Pow67 insoccer