Хитот на шпанскиот фудбалски шампионат Џирона продолжува да импресионира.
Џирона ја шокираше Барселона на гости и со победа од 4:2 се врати на врвот во Ла Лига со два бода повеќе од второпласираниот Реал кој има 39 бодови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барса и Атлетико ја делат третата позиција со 34 бодови. Џирона поведе во 12. минута со голот на Артем Довбик.
Роберт Левандовски израмни седум минути подоцна. За 2:1 за Џирона погоди Мигел Гутиерез во 40. минута, а за 3:1 и потврда на победата на сензацијата во Ла Лига погоди Валери на десет минути пред крајот.
Илкај Гундоган во 92. минута само за момент успеа да го ублажи поразот на Каталонците, а за сензационални 4:2 за Жирона во 95. погоди Кристијан Стуани. За овие голови денеска зборува целиот фудбалски свет.