Дома Фудбал Англија Видео: Нов пораз на Манчестер Јунајтед

Видео: Нов пораз на Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно им се вратија на поразите откако попладнево загубија на гостувањето кај Борнмут со 1:0.

Избраниците на Солскјер повторно ги разочараа своите навивачи и го запишаа четвртиот пораз од стартот на сезоната.

„Црвените ѓаволи“ предводени од Рашфорд и Марсијал ја контролираа играта во првото полувреме, но не успеаа да создадат сериозна шанса за гол.

Борнмут одлично функционираше, не им оставаше многу простор на противниците, а во финишот на првиот дел Џошуа Кинг го матираше Де Геа.

Во вториот дел Јунајтед постојано напаѓаше, а единствената зрела шанса ја имаше дури во 83-та минута, но Гринвуд не успеа да ја смести топката во мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…