Дома Фудбал ВИДЕО Ново понижување за Челзи, загуби од второлигаш во првиот полуфинален натпревар од Карабао купот

ВИДЕО Ново понижување за Челзи, загуби од второлигаш во првиот полуфинален натпревар од Карабао купот

Фудбалерите на англискиот второлигаш Мидлсброу го победија лондонски Челзи со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Карабао купот.

На натпреварот одигран на стадионот Риверсајд, единствениот гол го постигна Хејден Хекини во 37. минута по одличната акција на домашните.

Иако гостинскиот тим беше надмоќен по сите статистички показатели, не успеаја да постигнат гол што ќе им олесни на избраниците на Маурисио Покетино во реваншот кој ќе се игра на 23 јануари (21 часот) на „Стемфорд Бриџ“.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Фулам, а првиот меч се игра денеска (10 јануари) со почеток од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му ја отвора вратата за заминување на Густо – ќе реагира ли Ливерпул?

Според новите информации, Мало Густо не е меѓу првите избори на Чаби Алонсо во Челси, а Ли…