Дома Фудбал Останато Видео: Нова мајсторија на Нејмар, Диара асистираше, лоб на Ло Селсо, ПСЖ до нови три бода

Видео: Нова мајсторија на Нејмар, Диара асистираше, лоб на Ло Селсо, ПСЖ до нови три бода

psg

Фудбалерите на Пари Сен Жермен го продолжуваат походот кон титулата во Франција

Избраниците на Унаи Емери славеа на гостувањето кај екипата на Лил во рамките од 24 коло во Лига со резултат 0:3 (0:1).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


ПСЖ до предност стигна во судиското продолжение од првиот дел кога Кавани одлично спушти од Јуриј Берчиче, а поранешниот фудбалер на Сосиедад со прецизен удар го матираше голманот на Лил.

Во вториот дел се играше 77 минута кога Нејмар го постигна својот 18 гол во француското првенство. Одлично ги изведе слободниот удар од работ на казнетиот простор и ја собра „пајажината“ од аголот на голот.

Конечниот резултат го постави Аргентинецот Ло Селсо по асистенцијата од Ласана Диара која денес дебитираше во дресот на „светците“. Младиот фудбалер одлично го лобуваше голманот на Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн Минхен и Милан се „тепаат“ за потписот на Де Зерби

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби.…