Сасуоло и Фиорентина одиграа фантастичен натпревар, кој на крајот заврши без победник, иако беа видени шест гола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првото полувреме мрежите мируваа, но во второто видовме вистинска голеада. Сасуоло дојде до водство со голот на Данкан во 63 минута, а пет минути подоцна Бабакар зголеми на 2:0. Неизвесноста ја врати Симеоне кој погоди за 2:1 во 70та минута.
Сенси зголеми на 3:1 во 8-та минута и кога се чинеше дека трите бода ќе останат на „Мапеи“, Фиорентина се врати со два гола. На 3-2 намали Бенаси во 89 минута, а во 96-та минута погоди Миралас за конечни 3-3.