Москва го има и вториот претставник во осминафиналето од Лига Европа, откако на домашен терен ја победија Ница со 1:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Воведните минути му припаднаа на францускиот тим со два „проектили“ на Марио Балотели, но Италијанецот два пати ја погоди пречката.
Локомотив ги казни промашувањата и ја искористи првата шанса која ја создаде, па во 30-та минута преку Денисов дојде до водство од 1:0.
Тоа се покажа и како конечен резултат, па рускиот тим со вкупни 4:2 се пласира во следната фаза.