Реал Мадрид денес ја торпедираше Севиља за само едно полувреме.
„Кралевите“ како да го истурија бесот по критиките кои беа испраќани на нивна сметка во последно време. Во денешниот натпревар избраниците на Зинедин Зидан ја испратија Севиља со резултат 5:0 и тоа сите голови беа постигнати во првиот дел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Начо, по една лоша реакција на одбраната на гостите го отвори резултатот во третата минута од средбата. Дваесетина минути подоцна Кристиано Роналдо го постигна третиот гол во сеозната во Примера и зголеми на 2:0, во 31 минута пенал за домаќинот, а реализатор на пеналот беше Роналдо кој го постигна својот втор гол на натпреварот
Седум минути подоцна одлична контра на Реал Мадрид, Лукас додаде до Тони Крос кој погодува за веќе 4:0. Ашраф Хакими го постигна својот прв гол во официјалните натпревари во дресот на сениорскиот тим на Реал Мадрид за убедливи 5:0 на полувремето.
Во вториот дел Реал знаеше како да ја смири играта и мирно да го приведе натпреварот, па погодоци немаше, а Бензема во една прилика ја погоди и стативата од голот на гостите.