Дома Фудбал Италија Видео: Наполи „ита“ кон Скудетото, „пукна петарда“ во голот на Каљари

Видео: Наполи „ита“ кон Скудетото, „пукна петарда“ во голот на Каљари

Eкипата на Наполи вечерва игра нов одличен натпревар и запиша нова убедлива победа.

Наполи вечерва на гостински терен славеше победа од 0:5 против тимот на Каљари. До првиот гол фаворитот од Неапол стигна преку Каљехон кој го искористи додавањето од Алан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вториот гол Наполи го постигна по грешка на голманот на Каљари. Мертенс се обида да проигрува во петерецот, но по лошата реакција на чувартот на мрежата на домаќините топката заврши во неговата мрежа.

На полувреме избраниците на Маурицио Сари заминаа со солидна предност од 0:2.

До третиот погодок во мрежата на Каљари се чекаше до 61 минута. Хамшик со одличен удар успеа да погоди и да донесе убедлива предност. Инсиње од пенал во 72 минута зголеми на 0:4, а точка на натпреварот стави Руи со голот во финишот oд слободен удар.

Наполи со оваа победа ја зголемува предноста над второпласираниот Јувентус на четири бодови, но „старата дама“ има и натпревар помалку поради одложениот натпревар против Аталанта овој викенд,





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …