Дома Фудбал Останато Видео: Налутениот Баерн го прегази Челзи за 30 минути, Конте се извади од брука!

Видео: Налутениот Баерн го прегази Челзи за 30 минути, Конте се извади од брука!

Баерн Минхен и Челзи одиграа пријателски натпревар во Сингапур попладнево, и Баварците после неполни 30 минути игра имаа водство од 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крајот Челзи успеа да избегне брука и со головите на Маркос Алонсо и Батчуаи го намали водството за конечно 3:2, но Анчелоти во второто полувреме во игра уфрли неколку млади фудбалери.

Баварците тргаа фуриозно во натпреварот и само после 7 минути игра погоди Рафиња, а во следните 20 минути Томас Милер на два пати ја тресеше мрежата. Баерн потоа имаше уште неколку зрели шанси, но во последните минути од првото полувреме водството го намали Алонсо.

Во второто полувреме за Челзи дебитираше Мората, Анчелоти во игра уфрли неколку млади фудбалери, а конечните 3:2 ги постави Батчуаи во 85-та минута.


Chelsea 2-3 Bayern Munich International… by juniorrosenfeld

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кој е Орландо Хил? Продаваше дресови и копачки за болниот син, а на почетокот беше напаѓач

Орландо Хил е име што Парагвај го внесе во фудбалската вечност. Во драматична вечер на Све…