Дома Фудбал Италија Видео: Наинголан во свој стил, Пероти од пенал, Имобиле за утеха – Дербито на Рим за „волчицата“!

Видео: Наинголан во свој стил, Пероти од пенал, Имобиле за утеха – Дербито на Рим за „волчицата“!

roma

Денес со почеток од 18:00 часот беше одиграно вечното градско дерби на Рим помеѓу Рома и Лацио.

Во долго очекуваната пресметка помеѓу градските ривали победата ја однесе тимот на Рома со победа од 2:1. „Волчицата“ беше подобар противник во текот на целиот натпревар иако и Лацио на моменти знаеше да покаже зошто оваа сезона се надева на висок пласман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По првите 45 минути резултат беше оној почетниот 0:0. На стартот на вториот дел после само четири минути игра, Пероти носи предност за Рома и тоа со удар од белата точка. Не се чекаше многу и за втор гол во мрежата на Лацио, четири минути подоцна Наинголан погодува за веќе солидна предност.

Лацио имаше свои моменти во вториот дел, а еден таков овој тим искористи во 72 минута. Нов пенал овој пат на спротивната страна, а сигурен реализатор беше фантастичниот Чиро Имобиле.

До крајот резултатот не се менуваше па Рома ги однесе трите важни бода и запиша важна победа во големото градско дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…