Дома Фудбал Видео: Модриќ под истрага на УЕФА поради потегот во натпреварот против ПСЖ

Видео: Модриќ под истрага на УЕФА поради потегот во натпреварот против ПСЖ

УЕФА следната недела ќе го разгледува случајот „Лука Модриќ“, пренесува „Л’Екип“.

Според информациите на францускиот медиум, Дисциплинската комисија на УЕФА ќе ја анализра ситауцијата од вториот дел во натпреварот од 1/8 финалето помеѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во која Хрватот симулираше и доби прекршок.

Модриќ во 64 минута падна непосредно пред казнетиот простор на гостите, а главниот арбитар наседна на оваа симулација. Досуден беше прекршок во корист на „кралевите“, а покрај тоа Рабиот сосема без никаква вина си заработи жолт картон.

Раководството на Пари Сен Жермен се надева дека комисијата ќе ја поништи казната на Рабиот. Од друга страна пак треба да се истакне дека Модриќ не е под закана за било каква суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…