Хуан Мата играше како во најдобрите денови, но сепак Јунајтед не успеа да победи.
Фудбалерите на Лестер и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во последниот натпревар од 18 коло во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во неверојатна завршница, Лестер со играч помалку во последната секунда успеа да дојде до бод и веројатно да го одлучи шампионот на Англија.
Лестер во водство дојде во 27 минута кога мрежата на Де Геа ја погоди Варди. Јунајтед тргна во офанзива, а во натпреварот „ѓаволите“ се вратија во финишот од полувремто кога Мата ја погоди мрежата на „лисиците“.
До пресверт избраниците на Мурињо успеаа да стигнат на истекот на еден час игра, а стрелец на голот повторно беше Хуан Мата. Нешто подоцна исклучување заработи Амарти во редовите на домаќинот.
Во последните минути од натпревар Мегвајер успеа да ја погоди за израмнување и веројатно да му донесе титула на Манчестер Сити кој во овој момент има 13 бодови предност.