Дома Фудбал Англија Видео: Мане ја „искина“ мрежата, Гудмонсон изедначи, Клаван херој на Ливерпул!

Видео: Мане ја „искина“ мрежата, Гудмонсон изедначи, Клаван херој на Ливерпул!

Во рамките од 22 коло во Премиер лигата денес во терминот од 16:00 часот беа одиграни три натпревари.

Секако, оној кој привлече најголемо внимание е натпреварот на Ливерпул против оваа сезона одличниот тим на Барнли.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За овој натпревар во тимот на Ливерпул го немаше Фелипе Кутињо. Официјалните информации гласеа дека се работи за полесна повреда, но сите веруваат дека Бразилецот не беше во тимот поради неговиот трансфер во Барселона.

Избраниците на Клоп во драматичен финиш успеаа да слават со 1:2. Првиот дел помина без посериозни возбудувања, изгледаше како и двата тима да се задоволни со по еден бод од овој натпревар.

Во второто полувреме Ливерпул тргна нешто повеќе агресивно. „Црвените“ создаваа шанси, а една од нив искористи Мане кој во соло акција со силен удар од шеснаесетникот успеа да го совлада домашниот голам.

Барнли се разбуди во финишот од натпреварот и во последните десетина минути играта се префрли пред голот на Мињоле. Ваквата игра ја искористи Гудмунсон кој во 88 минута за 1:1. И кога сите очекуваа натпреварот да заврши без победник, Калаван во четвртата минута од судиското продолжение погодува за важна победа на „црвените“.

Во останатите два натпревари Лестер со 3:0 го совлада Хадерсфилд, додека Њукасл со 0:1 славеше против Стоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона скапо ќе треба да плати ако сака да го отпушти Чави

Во медиумите од Шпанија по вчерашниот натпревар со Алмерија гласно се зборува дека во Барс…