Помеѓу натпреварите од 16:00 часот денес се сретнаа и екипите на Ливерпул и Кардиф во кој „црвените“ ја оправдаа фаворитската улога.
Ливерпул, рано уште во 10-тата минута преку Мохамед Салах стигна до предност од 1:0. И после погодокот Ливерпул продолжи да доминира, но и покрај одличната игра во првото полувреме не видовме погодок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После десетина минути игра во вториот дел, Садио Мане постигнува гол за 2:0 и тука веќе можеше да се најави победата на избраниците на Клоп.
Сепак, во 77-тата минута Кардиф намалува 1:2 преку Петерсон, а после погодок создадоа и прилики за изедначување, но не ги искористија.
Казната стигна во 84-тата кога нововлезениот Џердан Шаќири го реши прашањето на победникот со голот за 3:1.
Конечните 4:1 ги постави Мане со својот втор гол на натпреварот три минути подоцна.
Со оваа победа Ливерпул ќе се избие на врвот на Премиер лигата каде што ќе остане најмалку до понеделник кога Манчестер Сити ќе има тешко гостување кај Тотенхем.