Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Лестер повторно е хит во Европа!

Видео: Лестер повторно е хит во Европа!

Лестер и Јувентус им се приклучија на Баерн, Борусија, Реал и Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако ги елиминираа Севиља односно Порто.

Лестер минатата сезона испиша историја во Премиерлигата, а во тековната пишува историја во Лигата на шампионите. Англискиот шампион кој во Премиерлигата се бори за опстанок, најпрвин во фазата по групи стана првиот дебитант кој победил на воведните пет натпревари, а сега е првиот дебитан кој изборил пласман меѓу осумтте најдобри во Европа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дуелот на „Кинг Пауер“ стадионот донесе уште неколку рекорди, тренерот на Севиља Хорхе Сампаоли е првиот кој два пати во една сезона доби црвен картон, голманот на Лестер Каспер Шмајхел е првиот кои во Лигата на шампионите одбранил два пенали во нокаут фазата, додека капитенот на „лисиците“ Вес Морган е првиот фудбалер од Јамајка кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Покрај пеналот кој Шмајхел му го одбрани на Нзонзи во 78 минута, Севиља најблиску до постигнување на гол беше во 52 минута, кога Ескудеро од 30-тина метри ја погоди гредата. Работата на Севиља и беше отежната од 78 минута кога Самир Насри наивно наседна на провокацијата од Џејми Варди и го доби вториот жолт картон.

Јувентус рутински го одработи реваншт со Порто по победата на првиот меч во Португалија 2:0. Единствениот гол го постигна Дибала од пенал во 45-та минута, откако Макси Переира претходно со рака го спречи Игуаин да постигне гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти и Реал воодушевени: Ѓулер има неверојатна статистика

Турскиот фудбалер, Арда Ѓулер долго време чекаше вистинска шанса во Реал, но во завршницат…