Тимот од Канада за прв пат во клупската историја ќе игра во големото НБА финале откако славеше во шестиот натпревар против Милвоки со 100:94.
Рапторс по првите два порази во серијата забележаа четири последователни победи и заслужено се изборија за пласман во големото финале.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Торотно анулираше 15 поени негатива и на крилата на најдобриот играч, Кави Ленард стигна до голема победа вредна пласман во финалето.
Ленард натпреварот го заврши со 27 поени, 17 скокови и седум асистенции, а него го следеше Паскал Сиакам кој постигна 18 кошеви. Кај поразениот тим повторно најефикасен беше Адетокумбо кој застана на 21 поен.
Рапторс во големото финале ќе играат против актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс и ќе ја имаат предноста на домашниот терен, што значи дека првите два натпревари ќе се играат во Торонто.
https://youtu.be/OjvIjzoMwwc