Кливленд повторно ќе игра во финалето на НБА плејофот, откако синоќа во мајсторката го победи Бостон Селтикс со 87:79.
Селтикси водени од мотивираниот Тејтум се држеа едно полвуреме, но немаа одговор на феноменалниот Леброн Џејмс кој седмиот дуел го заврши со 35 поени, 15 скока и девет асистенции и само едно додавање му недостасуваше за „трипл-дабл“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Џејсон Тејтум со 24 поени и седум скокови беше најдобар играч во тимот кој го претрпе првиот пораз на свој терен оваа сезона во плејофот, но овој загубен дуел беше пресуден Селтикс да останат без можност да се борат за шампионскиот прстен.