Дома Фудбал Италија Видео: Контроверзна победа на Јувентус, ова се спорните ситуации!

Видео: Контроверзна победа на Јувентус, ова се спорните ситуации!

Јувентус вчера успеа да стигне до победа на Каљари, а италијанските медиуми пишуваат дека „старата дама“ до победата стигнала на контроверзен начин.

„Неверојатно, ова е неверојатно“, беснешее претседателот на Каљари, Томасо Гулини кој смета дека неговиот клуб бил ограбен во натпреварот со актуелниот шампион на Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, две ситуација беа навистина спорни. Првата е при постигнувањето на единствениот гол на натпреварот кога Бенатија во воздушен дуел со лакт го удри Паволети, судијата не се огласи, а неколку моменти подоцна Бернардески погоди за предност Јувентус.

Втората ситуација се случи во 78 минута кога Бернардески со рака го запре нафрлувањето на Падоин. Неговата рака беше далеку од телото, но главниот судија на натпреварот не покажа на белата точка.

При постигнувањето на голот на Јувентус судијата не се огласи бидејќи се работи за друга ситуација во однос на онаа од која беше постигнат погодокот, а Гулини го нападна судијата бидејќи не ја погледнал снимката од спорната 78 минута.

„Не ми е јасно за што служи ВАР ако судијата не ја провери таа ситуација. Ние сакаме исти права за сита, доколку сакаат пак да победуваат само големите клубови треба тоа јасно да кажат. Се уште не можам да верувам дека судијата не ја прегледа снимката. Бернардески веќе имаше жолт картон и ние требаше да добие пенал и да имаме играч повеќе. Објаснете ми како и кога се користи ВАР“, зборуваше претседателот на Каљари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …