Манчестер Јунајтед се пласираше во полуфиналето на ФА Купот со победата од 4:3 над Ливерпул на Олд Трафорд.
Јунајтед поведе со голот на Скот Мектоминај во десеттата минута, но Ливерпул до полувремето направи пресврт. Алексис Мек Алистер постигна гол во 44. минута, а Мохамед Салах погоди во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јунајтед доби продолженија со голот на Антони во 87-та и таму натпреварот стана уште поатрактивен.
Ливерпул повторно поведе, овојпат со голот на Харви Елиот во 105. минута. Сепак, Јунајтед преку Маркус Рашфорд во 112. минута и Амадо Диало во 121. минута стигна до најдобрите четири екипи во ова натпреварување.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше видно нервозен по натпреварот, а особено го налутија прашањата на новинарите во интервјуто по натпреварот.
На прашањето што му отежнува на неговиот тим во продолженијата, иако интензитетот е нивната главна карактеристика, Клоп одговори: „Тоа е навистина глупаво прашање. Колку натпревари одигравме во последно време, а колку Јунајтед? “
Новинарот потоа го постави практично истото прашање: „Значи, премногу натпревари се проблем? при што Клоп го загуби трпението и го напушти интервјуто со зборовите: „Очигледно не си во вистинската форма. Немам нерви за тебе“.
[VSport] Klopp: “You are obviously not in a great shape and I have no nerves for you”
byu/SJMN16 insoccer