Дома Кошарка ВИДЕО: Кари смета дека човекот не стапнал на месечината, па Сакраменто одлучи да му одговори

ВИДЕО: Кари смета дека човекот не стапнал на месечината, па Сакраменто одлучи да му одговори

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Стеф Кари се најде во центарот на вниманието поради теоријата дека човекот никогаш не стапнал на месечината.

Кари гостуваше во една емисија каде што во најголем дел се зборуваше за кошарката, но во еден момент се дојде до интересна тема. Кошаркарот на Голден Стејт изјави дека според него човекот никогаш не стапнал на месечината.

Веднаш реагираше НАСА која го повика овој кошаркар да биде гостин Џонсон Спејс центарот во Хјустон за да се увери дека греши.

Голден Стејт гостуваше кај Сакраменто и домаќините со интересно видео одлучија да се пошегуваат на сметка на Кари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стартните 0-12 ја најавија тешката вечер: Македонија остана без победа

Македонските кошаркарки загубија од Естонија со 51-86 во Штип и го запишаа вториот пораз в…