Дома Фудбал Видео: Кариус во солзи им се извинуваше на навивачите, тие му возвратија со – аплауз!

Видео: Кариус во солзи им се извинуваше на навивачите, тие му возвратија со – аплауз!

Германскиот голман Лорис Кариус не се прослави во финалето од Лигата на шампионите во Киев.

Голманот на Ливерпул беше директен виновник за два погодоци на Реал кој во финалето славеше со 3:1.

Кариус прво при првиот гол на Реал направи неверојатна грешка во обидот да ја додаде топката до соиграчот, а потоа за 3:1 ја испушти топката по ударот на Бејл.

Целосно индиспонирано изгледаше вечерашниот голман и него сигурно му е најтешко во овој момент.

После завршувањето на финалето, Кариус во солзи им се извинуваше навивачите за направените грешки во овој натпревар, а тие му возвратија со аплауз за поддршка.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…