Ливерпул денес во терминот од 18:00 часот во Премиер лигата го одигра натпреварот против Вотфорд.
„Црвените“ предводени од неверојатениот Мохамед Салах стигнаа до победа од 5:0. На самиот старт Салах го најави фантастичниот настап, погоди уште во четвртата минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За нов погодок на Египќанецот се чекаше до финишот на првиот дел кога во 43 минута по проигрувањето од Робертсон ја затресе мрежата за 2:0. После само пет минути игра во вториот Ливерпул стигна до предност од 3:0.
Овој пат стрелец не беше Салах, но беше асистент, а погоди Роберто Фирмино на мајсторски начин со пета! Се играше 77 минута кога ја надмудри скоро целата одбрана на Вотфорд, пред него паднаа и двајца противнички фудбалери пред да ја испрати топката во мрежата за 4:0.
И тоа не беше се на пет минути пред крајот, Ингс шутираше, а на вистинското место се најде кој друг ако не Мо Салах за конечни 5:0.
Уште поинтересно е што Салах вечерва го погоди секој удар кој го упати кон голот на противникот.