Дома Фудбал ВИДЕО: Зидан го постигна својот деби гол за Реал Мадрид!

ВИДЕО: Зидан го постигна својот деби гол за Реал Мадрид!

Откако во првиот меч имаше 7:1, во реваншот тренерот на Реал Мадрид внесе повеќе младинци кои блеснаа во мечот од Копа дел Реј против Леонеса.

Меѓу нив беше и 21-годишниот син на славниот тренер, Енцо Зидан кој со гол му заблагодари на неговиот татко за довербата што му ја укажа на почетокот на вториот дел.

Имено, Енцо влезе во второто полувреме, а постигна во 63 минута за 4:1.

Инаку конечниот резултат гласеше 6:1, а хет трик постигна младиот Маријано Диаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Гостивар брка бодовно израмнување и прекин на предноста на Шкендија

Саботното дерби ги носи лидерот и актуелниот првак во директна пресметка со три бода разли…