Дома Фудбал Лига на шампиони (Видео) Жута заедно со Балотели во Лигата на Европа, Наполи во Лигата на шампионите…

(Видео) Жута заедно со Балотели во Лигата на Европа, Наполи во Лигата на шампионите…

Вечерва во рамките од плеј-офот за Лигата на шампионите беа одиграни четири натпревари, а пласман во групната фаза од најелитното европско натпреварување обезбедија екипите на Наполи, Марибор, Олимпијакос и Севиља.

Екипата на Наполи беше подобра во двомечото од тимот на Марио Балотели, француската Ница. Наполи во првиот натпревар славеше со 2:0, за денес да ја доврши започната работа и со минимална победа од 0:1 на гостински терен да избори пласман во групната фаза од најелитното натпреварување, додека Ница ќе мора да се задоволи со Лигата на Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанците апсолутно заслужено стигнаа до поебдата oд 0:2,  Наполи беше тимот кој доминираше во текот на целиот натпревар, првиот гол на средбата беше дело на Хозе Каљехон на стартот од вториот дел, додека идентичниот резултат како и во првата средба го постави Лоренцо Инсиње во финишот од натпреварот.

Словенски Марибор после поразот од 2:1 во Израел од тимот на Хапоел Бер Шева сега запиша минална победа која на словенците им беше сосема доволна. Одлучувакиот гол беше дело на Вилер во 15 минута од средбата.

Тимот на македонскиот интернационалец Леонард Жута кој беше суспендиран за овој натпревар ќе го гледаме во Лигата на Европа, бидејќи подобар од хрватскиот претставник во двомечот беше грчки Олимпијакос.

Олимпијакос како и поголемиот дел од тимовите кои запишаа победа оваа вечер стигна до победа од 0:1. Моментот на одлука се случи во 25 минута кога фудбалерот со богато искуство Марко Марин ја затресе мрежата хрватите. Во првиот натпревар Олимпијакос запиша победа од 2:1.

Во натпреварот со најмногу голови од натпреварите кои се играа во вечерниот термин Севиља и Басакешир одиграа реми 2:2 што беше доволно за шпанскиот претставник да се пласира во Лигата на шампионите. Стрелци на головите за шпанците беа Ескудеро и Бен Једер кој погоди по асистенцијата на Нолито, додека за Басакешир стрелаа Елија и Виска.

Во натпреварот кој се одигра нешто порано Астана запиша пирова победа над Селтик со резултат 4:3. Да потсетиме, шкотскиот тим во првиот натпревар запиша убедлива победа од 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…