Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас со својот Фенербахче забележа значајна победа од 1:0 над Зенит во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа.
Клучниот момент се случи во 21-та минута кога Слимани постигна гол за водство на Фенербахче од 1-0, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Домаќините имаа шанси да ја зголемат предноста во првото полувреме, но потоа можеше да следува казна.
Во 44-та минута беше досуден пенал за Зенит, но меѓутоа голманот Текин со помош на пречката успеа да му го одбрани ударот на Роберт Мак.
Во второто полувреме двете екипи имаа шанси за гол, но не ги искористија, па Фенербахче ќе патува во Русија со предност од 1:0.