Дома Фудбал Италија Видео: Донарума го спаси Милан, сега „росонерите“ чекаат „помош“ од Јуве

Видео: Донарума го спаси Милан, сега „росонерите“ чекаат „помош“ од Јуве

Милан потешко од очекувањата го победи Фросиноне (2:0) и се врати на четвртата позиција на табелата, па сега ќе го чека исходот од мечот Јувентус – Аталанта.

„Росонерите“ одиграа бледо во првото полувреме и имаа само една шанса преку Борини која не ја искористија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме следуваше шок, Абате стартуваше во казнетиот простор, а судијата покажа на белата точка. Спасител на Милан беше Донарума кој го одбрани ударот од белата точка.

Тоа како да ги „разбуди“ домашните фудбалери па набрзо стигнаа до водство преку Пјонтек, а Сусо со прекрасен гол ги постави конечните 2:0.

На крајот Абате после цели 10 години имаше емотивно збогување од Милан и „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…