Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Дербито на Манчестер за Гвардиола – „граѓаните“ лидери со плус два!

ВИДЕО: Дербито на Манчестер за Гвардиола – „граѓаните“ лидери со плус два!

Денешните натпревари во рамките од 12-тото коло во Премиер лигата ни го донесе и дербито на Манчестер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити го победи Манчестер Јунајтед со 3:1 и се врати на врвот на табелата со два бода предност во однос на Ливерпул.

Шпанецот Силва ги доведе „граѓаните“ до водство од 1:0 после 12 минути игра. Тоа беше и единствениот гол во првите 45 минути.

На самиот старт на второто полувреме Серхио Агуеро после една одлича асистенција од Марез го совлада Де Геа за 2:0. „Ѓаволите“ се вратија во игра 10 минути подоцна кога Ентони Марсијал реализираше најстрога казна. Конечните 3:1 ги постави Гундоган во 86-тата минута.

Со оваа победа Манчестер Сити стигна до бројката од 32 освоени бодови, додека тимот на Мурињо после 12 кола ќе остане на осмата позиција.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…